Map Graph

Градиште (Теранци)

археолошко наоѓалиште во Македонија

Градиште — археолошко наоѓалиште во кочанското село Теранци. Претставува градиште од Доцната антика. На 5 км источно од селото, во планинскиот предел на Плачковица се издига висок рид со зарамнето плато со димензии од 120 × 90м, на кое има остатоци од темели на бедем. По површината се среќаваат фрагменти од керамички садови, питоси и покривни ќерамиди.

Read article